БЛУ БЕЛ СКЛАДИШТЕ
Услуги
БЛУ БЕЛ СКЛАДИШТЕ
УСЛУГИ
Складот е со вкупна површина од 10.530 м2 од која:
-Отворен дел со вкупна површина од 6.100 м2. Покрај отворениот дел од царинскиот склад поминува железничкиот индустриски колосек. Ова овозможува брза и ефикасна манипулација (истовар и утовар) на стока товарена на воз, директно во складот. Кон отворениот дел има и камионски пристап преку главната портирница.
-Затворен дел со вкупна површина од 4.430 м2 кој се состои од 4 (четири) хали. Кон сите хали има директен пристап преку индустрискиот железнички колосек, а од другата страна има пристап за камиони.
Можноста за директен, двостран пристап (патен и железнички) до царинскиот склад овозможува максимално брза манипулација на стоката (истовар и утовар), без непотребно задржување и без дополнителни трошоци.
Просторијата за привремено чување е со вкупна површина од 9.891 м2 од која:
-Отворен дел со вкупна површина од 9.386 м2. По средината на самиот отворен дел од просторијата за привремено чување поминува железничкиот индустриски колосек. Кон отворениот дел има и камионски пристап преку главната портирница.
-Затворен дел со вкупна површина од 505 м2. Од едната страна на затворениот дел од просторијата за привремено чување има директен пристап преку индустрискиот железнички колосек, а од другата страна има пристап за камиони.
Двостраниот пристап до контејнерскиот терминал односно до просторијата за привремено чување, и до отворениот и до затворениот дел, овозможува брза и ефикасна манипулација (истовар и утовар) на стоката од контејнерите, но и на било која друга стока која доаѓа со воз или камион.
Транспорт и достава
Организираме брза, едноставна и навремена достава на секаков вид на пратки.
Водени од сèвкупниот ентузијазам и посветеност на нашите вработени, во изминатиот период станавме успешна приказна преку одлична соработка со бројни реномирани компании.
Нашите оператори се спремни да одговорат на секое ваше барање.
Редовно ги известуваме примателите на пратки за статусот и позицијата на пратка при процесот на достава.











